Почетна
За нас ▾
Инструменти ▾
Блог Контакт Купи/Најави се
← Назад

Летна музичка школа

Лето исполнето со музика, радост и креативност — каде детето не само учи, туку расте, се изразува и создава спомени.

Летната школа на PianoForte е внимателно осмислена програма што ги спojува музичката едукација и забавата во едно незаборавно искуство. Целта е да ja разбудиме детската љубопитност, да ja поттикнеме нивната креативност, и да им помогнеме да ги откријат сопствените таленти преку музиката.

Децата ce запознаваат со различни инструменти — пијано, виолина, гитара, тапани и пеење — преку интерактивен, индивидуален пристап каде секое дете се чувствува охрабрено и инспирирано да напредува.

Термин и цена

Од 11 јули до 30 јули, вкупно 14 работни дена, во попладневните часови.

Пакет од 8 часа — 6.000 денари

Пријавувањето е отворено до крајот на мај. За повеќе информации: 070 247 442.

Летна школа

Зошто рана музичка едукација?

Марина Чадо, основач и професор по виолина

Свирењето инструмент директно влијае на развојот на моториката и концентрацијата кај децата. Преку музиката, децата градат навика на истрајност и посветеност — вредности што остануваат со нив далеку надвор од музичкото образование.

Претплатете се на нашата листа на е-пошта