Почетна
За нас ▾
Инструменти ▾
Блог Контакт Купи/Најави се
← Назад

За PianoForte

За PianoForte

PianoForte е музичко училиште во Скопје кое веќе повеќе од две децении го збогатува музичкото образование на деца и младинци. Основано во 2000-та година, училиштето е дело на визијата на неговите основачки — Марина Чадо, професорка по виолина и извршен директор, и Виолета Стефановска-Шуковиќ, професорка по пијано и академски директор.

Денес во училиштето учат над 180 ученици, во класично музичко образование по пијано, виолина, гитара, тапани и пеење, како и во посебен Оддел за популарни жанрови. Наставата се одвива и во просториите на училиштето, и онлајн во живо, а програмата ja предаваат над 20 еминентни професори — дипломирани музичари, магистри и доктори на науки.

Секоja возраст е добредојдена — од ран музички развој за предучилишни деца, до возрасни кои сакаат да почнат одново. Учениците на училиштето освоија повеќе награди на меѓународни натпревари и фестивали во Италија, Белгија, Словенија, Србија, Косово и Украина, но фокусот секогаш останува на уживањето во музицирањето, не само на резултатите.

Училиштето е активно и во општествено-корисни иницијативи — музичка работилница „По патот на музиката“, волонтерски настапи на детски фестивали, и соработка со основни музички училишта низ Скопје, каде најмладите го доживуваат својот прв контакт со виолина, гитара и флејта.

Претплатете се на нашата листа на е-пошта