Камерниот ансамбл PianoForte Strings — составен од млади музички уметници и врвни педагози на училиштето — гостуваше во Словенија, како резултат на повеќегодишна соработка меѓу PianoForte Скопје и Валдорфската школа во Љубљана.
На заедничкиот концерт публиката слушна и македонско современо и народно творештво, и словенечки аранжмани за класичен состав. Настанот беше делумно поддржан од Министерството за култура на РС Македонија, како проект од национален интерес во меѓународната културна дејност.
Во соработка со камерниот оркестар „Профундис“ — еден од најнапредните ансамбли во земjaва — учениците на PianoForte имаа можност да ja доживеат целата подготовка на еден концерт, од првата проба до настапот.
Работилницата ги запозна младите музичари со архитектурата на концертната сала, распоредот на инструментите во оркестарот, и им овозможи да свират рамо до рамо со професионални музичари, под диригентство на Ѓурѓица Дашиќ.